Вејсели и Хајдари се пласираа во финале, Македонија има два медали од Таранто! (ВИДЕО)

Македонските борачи Фати Вејсели и Реџеп Хајдари се пласираа во финалните бори во борење во своите категории, а тоа значи дека Македонија освои два медали, а утре ќе се знае какви.

Фати Вејсели кој настапува во категоријата слободен стил до 74 килограми, во полуфиналето се бореше со Турчинот Јасин Јесил и успеа да го победи на поени со 5-3.

Реџеп Хајдари во полуфиналето се бореше со Адлан Висканов од Франција, тоа беше борба од категоријата до 97 килограми слободен стил. Македонскиот борец победи со 3-2 во поени и ќе се бори во финалето.