Навивачите на Атлетико имаа жесток пречек за Алварез (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез не е во најдобри односи со навивачите на Атлетико Мадрид, по приказната дека сака да потпише за Барселона, а тоа можеше да се забележи и пред денешниот меч против Вилјареал.

На трибините на стадионот на Атлетико се јавија незадоволните навивачи, кои со свирежи го нападнаа Алварез.

Алварез засега останува фудбалер на Атлетико, откако шпанскиот тим соопшти дека не планира да го продаде ова лето.