Кејн е без конкуренција - доби уште едно признание во Германија!

Една од најголемите ѕвезди на Баерн Минхен, Хари Кејн е избран за фудбалер на годината во Германија во 2026 година.

Кејн ја доби наградата која традиционално ја доделува магазинот „Кикер“, на основа на резултатите на Здружението на германски спортски новинари. Тој доби дури 272 гласови, а зад него заврши Мајкл Олисе со 203 гласа.

Англискиот голгетер минатата сезона постигна 61 гол во сите натпреварувања, а притоа му помогна на Баерн да ги освои Бундеслигата и Купот на Германија.

Фото: FC Bayern München/Facebook