Монако со триумф ја почна сезоната во Лига 1 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Монако триумфираа против Авр со 1-0 во првото коло од француската Лига 1.

Ерик Даер беше стрелец на единствениот гол за „кнезовите“, и тоа на почетокот на средбата, по што домаќинот погоди преку Ричардсон, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел Авр беше подобар противник на теренот, меѓутоа Монако успешно го одбрани водството од првото полувреме.

Фото: AS MONACO/Facebook