Победнички старт за Червар во Пелистер: Кузмановски со 15 гола ги уништи Раул и Партизан

Поранешниот македонски ракометен шампион Пелистер триумфира против српскиот гигант Партизан со 35-31 во Регионалната лига.

Избраниците на Лино Червар беа одлични уште во првото полувреме, па на паузата заминаа со предност од седум голови (20-13) против ракометарите на Раул Гонзалес во салата „Боро Чурлевски“.

Пелистер во вториот дел продолжи да ја контролира играта, иако Партизан успеа до крајот да ја намали негативата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски со 15 голови, додека Вагнер запиша 10 погодоци за Партизан.

Фото: Пелистер