Aрсенал силно тргна, новајлијата немаше што да бара во домот на шампионот! (ВИДЕО)
Избраниците на Артета едноставно покажаа дека се поквалитетен противник и не оставија простор тимот на Лампард да се надева на некакво изненадување на првиот натпревар од сезоната.
Резултатот го отвори Каи Хаверц со гол по 15 минути игра, а само седум минути подоцна Букајо Сака се погрижи за 2-0 со што веќе стануваше јасно дека Арсенал ќе ја оправда фаворитската улога.
Не се променија работите многу и во продолжение, Арсенал играше сигурно и го контролираше темпото, а конечниот резултат го постави Одегард во 49-тата минута.
Фото: Arsenal FC