Македонското знаме се развеа на игрите во Таранто (ВИДЕО)

Maкедонската делегација на Медитеранските игри во Таранто денеска продифелира на големото отворање на игрите, а честа да бидат знаменосци ја имаа таеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката Леона Миленкоска.

На игрите во Таранто Македонија ќе биде претставувана во 19 од 33 спортови и тоа во: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил.

Кога е екипната конкуренција во прашање имаме женски репрезентации во ракомет и одбојка, машка селекција во баскет 3x3 и фудбалска репрезентација до  21 година.

Делегацијата во Таранто ја сочинуваат вкупно 130 членови, а 90 од нив се спортисти.