Башкими и понатаму не може ниту гол да даде, Брегалница слави втор триумф! (ВИДЕО)
Башкими сезонава е првиот фаворит за преселба во понизок ранг бидејќи по четири кола кумановскиот состав и понатаму е без бодови, но и без постигнат гол.
Резултатот денеска беше отворен во 23. минута кога Иван Глигоров ја смести топката во мрежата за 1-0. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.
Во второто полувреме продолжи подобрата игра на штиопскиот состав кој многу брзо преку Калпачки по асистенција на Максимов дојдоа и до 2-0. Конечните 3-0 беа поставени во 73. минута кога Глигоров го постигна својот втор гол на средбата.
За Брегалница по овој триумф во следното коло ја очекуваше посериозен предизвик против Струга на гостински терен, додека Башкими на свој терен ќе игра со Шкендија Арачиново.