ФИФА удри жестоко по Аргентинците: Тепачот Паредес доби брутална суспензија!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) изрече жестоки казни по хаосот во финалето на Светското првенство (СП), а најлошо помина Леандро Паредес.

Паредес доби суспензија од 10 натпревари по инцидентот со шпанските репрезентативци на Мундијалот, а казна имаше и за неговите сонародник Нахуел Молина, кој ќе паузира седум натпревари.

Помоошникот-тренер Роберто Ајала доби суспензија на три натпревари, а Дисциплинската комисија изрече и парични казни за дел од фудбалерите.

На „ладење“ ќе оди и Гави, но тој ќе паузира само еден натпревар и ќе плати парична казна од 30.000 долари.