Се „тресе“ ФИФА: Почната глобална петиција за оставка на Инфантино!

Притисокот врз претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино продолжува да расте, а сега е почната и петиција преку која се бара оставка од првиот човек.

Петицијата ја поддржаа голем број групи на навивачи од Европа, Африка и Северна Америка. Истата е почната на 19 август, а досега ја потпишаа над 20.000 навивачи.

Главна причина за ова е идејата за продажба на удел од Светското првенство (СП) на приватни инвеститори.