Алкараз се враќа по повредата и ќе ја брани титулата на Ју-Ес Опен!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз потврди дека се враќа на натпреварувањата и ќе игра на Ју-Ес Опен, каде што ќе ја брани титулата која ја освои минатата година.

Алкараз по четири месеци конечно ја надмина повредата на зглобот на раката, па така се враќа на теренот откако претходно ги пропушти турнирите во Барселона, Ролан Гарос, Вимблдон, Торонто и Синсинати.

Еден од најдобрите тенисери во светот претходните ндели постепено го засилуваше интензитетот на тренинзите, а во татковината тренираше со данскиот тенисер Холгер Руне.