Динамо Загреб ќе му го уништи трансферот на Ливаковиќ во Барселона!?

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ би можел да остане без преселба во Барселона, иако беше блиску до потпис со шпанскиот шампион, а причина за новиот заплет на ситуацијата е Динамо Загреб.

Ливаковиќ, по потписот за Барселона, требаше да замине на едногодишна позајмица во хрватскиот тим, а потоа да се врати и да биде резервен голман на Каталонците, меѓутоа тоа сценарио е загрозено затоа што Динамо барал долгорочно решение за голманската позиција.

Динамо одбил да го ангажира Ливаковиќ на едногодишна позајмица бидејќи бара долгорочно и стабилно решение меѓу стативите, а оваа одлука не ѝ оди во прилог на Барселона, која најверојатно ќе се повлече од идејата да го купи Хрватот.

Голманот има договор со Фенербахче до 2028 година, а турскиот тим за трансферот бараше три милиони евра.