Беше шампион со Наполи и пријател на Марадона, а денес спие пијан на клупи (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Наполи и член на шампионската генерација од 1987 година, Пиетро Пуцоне повторно се најде во центарот на вниманието поради тешката животна ситуација во која се наоѓа.

Пуцоне, кој своевремено ја делеше соблекувалната со легендарниот Диего Армандо Марадона, неодамна бил пронајден како лежи на клупа во многу лоша здравствена состојба.

Според информациите, Пуцоне повторно се соочил со сериозни проблеми со алкохолот, а неговата состојба била толку загрижувачка што граѓаните побарале интервенција од надлежните.

„Неговата ситуација навистина беше сериозна. Со денови лежеше на клупа под силното сонце и продолжуваше да пие. Не знам колку долго уште ќе преживееше“, вели локалниот активист Алесандро.

Пуцоне во кариерата има играно и за Катанија и Специја, но решил да се пензионира на само 27 години.