Познати се паровите за 1/16 финалето во Купот на Македонија

Денеска Фудбалската федерација на Македонија ги утврди паровите и распоредот за натпреварите од 1/16 финалето во Купот на Македонија.

Оваа фаза ќе донесе 15 натпревари, а единствен кој е слободен и со место во следната фаза е бранителот на трофејот Силекс.

Натпреварите ќе се одиграат на 1 или 2 септември со исклучок на дуелите помеѓу Крошу Спорт Битола – Тиквеш и Могила – Арсими кои ќе играат на 24 септември.

Според правилата, се до финалето ќе се игра само еден натпревар, а доколку нема победник веднаш ќе се изведуваат пенали.

ПАРОВИ ЗА 1/16-ФИНАЛЕ:

Овче Поле Свети Николе – Вардар

Победа Валандово – Струга Трим Лум

Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930

Могила 2023 – Аресими 1973

БВК Коњари – Башкими 1947

Студеничани – Пелистер

Венец Неготино – АП Брера Струмица

Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932

Вардар Неготино – Работнички

Каменица Саса – Шкупи 1927

Тетекс 1953 – Брегалница 2008

Кожуф Гевгелија – Скопје

Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново

Новаци 2005 – Охрид Лихнидос

Осогово – Беласица