Сабаленка загуби во Синсинати, па го покажа своето „грдо“ лице! (ВИДЕО)
Веќе подолго време Сабаленка не е во својата препознатлива форма иако се уште го држи првото место на ВТА листата.
Сензација приреди чешката тенисерка Сара Бејлек за која ова беше најголемата победа во кариерата.
Во првиот сет се играше тајбрејк кој Бејлек го доби со 9-7, вториот сет ѝ припадна на чешката тенисерка со 6-4.
Фрустрацијата на Сабаленка од својата лоша партија беше голема, па белоруската тенисерка се однесуваше ужасно кон момчињата задолжени за топчињата.