Погба се збогува со Монако: Не беше така како што замислував!
Како што и претходно беше најавено, Погба и Монако го раскинаа договорот. Фудбалерот имаше само шест настапи во црвено-белиот дрес.
„Ти благодарам Монако. До претседателот, стручниот штаб, моите соиграчи и вие, фановите, ви благодарам за вашата доверба и поддршка од првиот до последниот ден. Ова не беше патување како што си замислував, но тука беше местото каде што се вратив на теренот, и поради тоа секогаш ќе бидам благодарен. Монако секогаш ќе има посебно место кај мене“, напиша Погба.
Уште не се знае која ќе биде следната дестинација на 33-годишниот фудбалер.