Слеп фудбалер направи чудо, ја издрибла цела противничка екипа и даде гол (ВИДЕО)

Фредерик Вилеру кој е една од најголемите ѕвезди на фудбалот за слепи, повторно покажа зошто во Франција со години го сметаат за еден од најдобрите.

Францускиот мајстор постигна сензационален гол против Англија на Европското првенство, кое деновиве се одржува во Стразбур.

И на 43-годишна возраст, Вилеру останува технички далеку над просекот, а неговиот најнов потег е само уште еден во низата спектакуларни голови кои ги постигнувал за француската репрезентација.

Француската легенда ги постигна сите четири гола во победата од 4-1 против Англија, а четвртиот беше вистинска мајсторија. На патот до голот, Вилеру успеа да издрибла четворица англиски фудбалери и да ја затресе мрежата на спектакуларен начин.