Венус доби специјална покана за УС Опен, Серена и Вавринка чекаат!
Венус Вилијамс е двократна шампионка на турнирот во Њујорк, има 46 години, но благодарение на нејзиното минато, доби специјална пропусница да се најде во главниот ждреб.
Се очекува и 44-годишната Серена Вилијамс да добие вајлд карта иако засега официјално нема таква потврда. Останато е уште едно место во листата на тенисерки кои ќе настапат на УС Опен.
Во машка конкуренција вајлд карта доби Гаел Монфис за кого ова ќе биде последен грен слем турнир во кариерата.
Сепак, најмногу внимание предизвика изоставувањето на Стен Вавринка од листата. Шампионот од 2016 година, исто така ја игра последната сезона и јавно побара вајлд карта.
Засега нема потврда дека ќе ја добие, но и кај мажите останува уште едно место слободно, па шансата постои тој да биде тенисерот кој ќе добие покана.