Романо сподели вести кои се добри за Димитриевски!

Фабрицио Романо има новости за Микеле Ди Грегорио, голманот на Јувентус кој во изминатиот период се поврзуваше со Валенсија.

Валенсија минатото лето му донесе конкуренција на Столе Димитриевски и македонскиот голман половина од сезоната ја преседе на клупата. Македонецот сакаше и да си оди, но подоцна се среди работата и тој остана и покажа дека заслужува да биде прв голман.

Јувентус го ангажираше Викарио, па Ди Грегорио е на излезна врата. Се поврзуваше со Валенсија, но сега Романо пишува дека Олимпик Марсеј ја презема трката по Италијанецот.

Преговорите меѓу Јувентус и Марсеј се во тек, се преговара за позајмица и се очекува разговорите да завршат успешно.