Гатузо не сака играч од Јувентус, сака да купи Хрват!

Џенаро Гатузо и Лацио не ја почнаа најдобро сезоната, доживеаа шокантна елиминација во купот од второлигаш, па до крајот на преодниот рок немаат многу време за корекции во тимот.

Според „Тутомеркатовеб“, римскиот клуб по налог на Гатузо тргнува по хрватскиот репрезентативец кој игра за Ајакс, Јосип Шутало.

Понудата на Лацио е Шутало да пристигне кај нив на платена позајмица со право за откуп од 15 милиони евра, а Ајакс да добие и висок процент од следната продажба на 26-годишниот фудбалер.

На Лацио му е понуден и 32-годишниот играч на Јувентус, Даниеле Ругани, но таа опција засега не е привлечна за Џенаро Гатузо.

Приоритет за италијанскиот стратег е Шутало, а Ругани може да стане опција само доколку не се дојде до потписот на Хрватот.