Медведев се степа со рекламите! (ВИДЕО)

Рускиот тенисер, Данил Медведев е познат по својот темперамент, тој важи за играч кој многу лесно може да излезе од контрола.

Медведев доживеа елиминација од турнирот во Синсинати откако со 1-2 загуби од Накашима.

На социјалните мрежи вирален стана еден момент од овој меч во кој Медведев се бореше со рекламите.

Едно топче удри во рекламите па го погоди во глава Русинот, по што тој бесен го фрли рекетот во спротивен правец. Рекламите го удрија со топче, а тој по нив со рекет.