Боксерскиот спектакл меѓу Фјури и Џошуа ќе се одржи на легендарно место!

Долго очекуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе се одржи на 20. ноември во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Иако долго време прва опција беше Вембли во Лондон, сепак двајцата боксери се сложиле мечот да се одржи во најпознатата сала во светот, Медисон Сквер Гарден.

Главната причина е тоа што борбата ќе биде пренесувана преку Нетфликс и тоа во американски прајм тајм, некаде околу 21 часот навечер. Ова нема да им одговара на љубителите на боксот во Велика Британија кои повеќе од деценија го чекаат овој меч.

Но, парите го прават своето, па никој не ги прашува фановите. Ова е уште еден меч во кој комерцијалниот аспект го победува спортскиот.