Барселона се откажа од Алварез, Аргентинецот ќе остане во Атлетико!?

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона се повлекува од намерата да го ангажира Хулијан Алварез ова лето.

Во еден момент Барса беше сигурна дека ќе го добие Алварез, но Атлетико Мадрид играше тврдо и не сакаше да го продаде својот напаѓач.

Како одминуваше времето, Атлетико не омекнуваше, Симеоне неодамна изјави дека ќе го градат тимот околу Алварез и немаат намера да го продадат.

Последните информации велат дека Барселона се откажала од намерата да потпише со Хулијан Алаварез.