Мурињо откри: Португалецот зборувал со Родри пред тој да потпише со Барса, но...
По завршувањето на Светското првенство, Родри силно се поврзуваше со Реал Мадрид, но на крајот заврши во Барселона.
Мурињо беше запрашан дали разговарал со Родри.
„Да, зборував со него неколкупати. Реал Мадрид му даде многу добра понуда. Родри имаше некои сомнежи. И сомнежите кои РОдри ги имаше, ми даваа и мене сомнежи. Тој е исклучителен фудбалер, беше многу коректен со нас. Но, Реал Мадрид е таква димензија во која фудбалер не може да размисли двапати. Тој беше многу коректен со нас, и јас со него. Но, изгледа не сум бил премногу добар, очигледно“, вели Мурињо.
Новинарот потоа го запраша дали тоа е победа на Барселона над Реал Мадрид.
„Победите се на теренот. Победите се бодовите и трофеите“.