Барселона и официјално се пофали со Родри – сумата е „боли глава“
Барселона за искусниот играч за врска ќе плати фиксни 60 милиони евра, додека дополнителни 15 милиони се предвидени преку различни бонуси. Шпанецот потпиша договор со каталонскиот клуб за следните четири сезони. За Манчестер Сити ова може да биде продажба вредна 75 милиони евра доколку бидат исполнети условите за сите предвидени бонуси, додека Барселона добива едно од најзвучните засилувања во летниот преоден рок.
Родри на „Камп Ноу“ пристигнува со огромно искуство од највисоко ниво и со години поминати како еден од клучните фудбалери на Манчестер Сити и шпанската репрезентација.