Пелистер ќе ја пречека Брера во Кавадарци зашто се обновува тревникот во Битола!
Поради тоа што е планирано обновување на тревникот на стадионот „Петар Милошевски, Пелистер донесе одлука да биде „домаќин“ на друго место.
„Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од 2. коло против екипата на Брера ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.
Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот да се одигра во Кавадарци.
ФК Пелистер им се заблагодарува на сите инволвирани страни за разбирањето и соработката, со цел обезбедување на најдобри услови за одигрување на натпреварот.
Влезот за сите посетители ќе биде СЛОБОДЕН“, соопшти Пелистер.
Пелистер на стартот на Втората лига ремизира против Камјани (1-1), додека Брера славеше со 2-0 против Еуромилк.
Фото: ФК Пелистер/Facebook