Медитеранските игри го одложија натпреварот меѓу Тетекс и Работнички!
Дуелот нема да се одигра во предвидениот термин поради барањето на домашниот тим да се одложи мечот поради тоа што двајца фудбалери ќе бидат дел од Медитеранските игри во Таранто.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) треба дополнително да го одреди терминот за одигрување на мечот меѓу двете екипи.
Работнички во првото коло славеше со 3-0 против Кожуф, додека Тетекс ремизираше против Македонија Ѓорче Петров (1-1).
Фото: ФК Работнички/Facebook