Една од најголемите легенди на Барселона се врати во клубот

Поранешниот фудбалер на Барселона, Серхио Бускетс, се врати во каталонскиот клуб и ќе ја има функцијата помошник-тренер на вториот тим на Барселона.

Барселона преку социјалните мрежи потврди дека Бускетс ќе биде дел од стручниот штаб предводен од Џулијано Белети, а паралелно ќе работи и на стекнување тренерски лиценци.

За 38-годишниот Бускетс ова е прв ангажман по завршувањето на играчката кариера. Шпанскиот играч за врска се збогуваше со фудбалот на крајот од сезоната 2025, која ја помина во Интер Мајами. Во американскиот клуб настапуваше заедно со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба.

Бускетс во Барселона помина 18 години. Во младинската школа пристигна во 2005 година, а три години подоцна се приклучи на првиот тим. За каталонскиот клуб одигра вкупно 722 натпревари.

Со Барселона освои девет титули шампион на Шпанија и три трофеи во Лигата на шампионите. Беше важен дел од средниот ред во кој настапуваа и Чави и Иниеста, а според бројот на настапи за клубот се наоѓа на третото место, зад Меси и Чави.