Луд меч во Синсинати: Свитолина спаси седум меч-топки и направи - историски пресврт (ВИДЕО)
Чешката тенисерка одлично го започна натпреварот и со три брејка го освои првиот сет со 6-3, а во вториот беше на чекор до голема победа. Валентова имаше дури седум можности да го заврши натпреварот, но Свитолина одби да се предаде и ги спаси сите седум меч-топки. Драмата продолжи и во тај-брејкот, во кој украинската тенисрка се најде во нова исклучително тешка ситуација. Таа губеше со 2-5, но потоа освои пет поени во низа и со 7-5 го доби тај-брејкот за израмнување на 1-1 во сетови.
Таквиот расплет целосно ја скрши Валентова. Во решавачкиот сет на теренот практично постоеше само една тенисерка. Свитолина освои шест гема во низа и со убедливи 6-0 го комплетираше спектакуларниот пресврт. Украинката со оваа победа обезбеди место во третото коло, каде што за противничка ќе ја има Кинеската Ванг Синју.
Од фаворитките успешна беше и Коко Гоф, која ја совлада Људмила Самсонова, додека Арина Сабаленка во два сета ја елиминира Гибсон. Ига Швјонтек беше сигурна против Емилијана Аранго (2-0), а Мира Андреева во два сета ја совлада Олијникова.