Мбапе „полуде“ на пријателски меч – го удри Катиќ со двете раце во глава (ВИДЕО)
Пред околу 60.000 гледачи во Гелзенкирхен, головите за „кралевите“ ги постигнаа Мбапе, Дин Хојсен и Еспи, а натпреварот во најголем дел мина во пријателска атмосфера. Сепак, во еден момент француската суперѕвезда целосно ги загуби нервите. Мбапе во еден дуел успеа да му ја протне топката низ нозе на Катиќ, но дефанзивецот на Шалке и репрезентацијата на БиХ не дозволи да биде посрамотен. Успеа да ја врати контролата врз топката и да му ја додаде на соиграч, со што започна напад на германскиот тим.
Французинот неколку моменти подоцна му пријде на босанскиот дефанзивец, кој нешто му кажа и продолжи да се движи, а реакцијата на Французинот беше целосно неочекувана. Мбапе од зад грб со двете раце силно го удри Катиќ во пределот на главата. Катиќ не возврати на провокацијата и остана смирен, но потегот на фудбалерот на Реал предизвика бес на трибините. Навивачите на Шалке веднаш реагираа и почнаа гласно да му дофрлаат на Мбапе.
Снимката од инцидентот брзо заврши и на социјалните мрежи, а посебно внимание привлече коментарот на еден навивач на Шалке.
„Шокиран сум што Катиќ не го изеде Мбапе. Никола обично во вакви ситуации го исфрла противникот преку покривот на стадионот“, напиша тој.