Партизан создава страшен тим - осмото засилување доаѓа директно од НБА!
Американскиот бек во Белград доаѓа директно од НБА-лигата, каде што минатата сезона го носеше дресот на Индијана пејсерс. Томпсон одигра 32 натпревари со просек од седум поени, 2,2 скока и 1,8 асистенции. Тој настапува за репрезентацијата на Порторико, а кошаркарски се развиваше на Универзитетот Орегон стејт. Значаен дел од професионалната кариера го мина во развојната Џи-лига, каде што своевремено беше соиграч и со Карлик Џонс во филијалата на Чикаго булс.
Новиот кошаркар на Партизан е роден во Калифорнија и потекнува од кошаркарско семејство, со оглед што неговиот татко Стивен своевремено настапуваше во НБА-лигата. Томпсон беше дел од порториканската репрезентација на СП 2023 година, а настапуваше и во актуелниот квалификациски циклус за СП 2027.