Брутален нокаут во УФЦ: Сола е ѕвер - со лев „оверхенд“ го прати ривалот на спиење! (ВИДЕО)

Францускиот ММА борец, Аксел Сола, оствари импресивна победа со нокаут во првата рунда против својот сонародник Фарес Зиам, во рамките на главната борба на УФЦ настанот во Париз.

Тој со овој триумф го подобри својот биланс во елитната организација на три победи и еден пораз. Борбата заврши по само една минута и 40 секунди од почетокот на првата рунда. По неколку воведни размени на удари во стоечка позиција, Сола пласираше прецизен и силен лев оверхенд кој директно го погоди Зиам во лицето. Противникот веднаш падна во бессознание на подот од октагонот, по што главниот судија беше принуден експресно да ја прекине борбата за да спречи дополнителни удари.

По натпреварот и официјалното прогласување на победникот, Сола покажа спортска почит кон својот противник. Тој истакна дека Зиам е одличен борец и апелираше до публиката да му пружи поддршка по тешкиот пораз. Осврнувајќи се на својата иднина во организацијата, Сола кратко изјави дека негова задача е само да ги прифаќа понудите од организаторите и дека веќе го очекува следниот предизвик.