Барселона веќе крои план за еден од најдобрите во Серија А

Федерико Димарко е еден од од најдобрите фудбалери во Серија А, минатата сезона беше константен од почетокот до крајот и во неа на 47 натпревари постигна осум гола и подели 18 асистенции. 

Дефинитивно е еден од клучните играчи на тимот, но постојат одредени проблеми околу неговиот нов договор.

Неговиот актуелен договор трае до јуни 2027 година, со опција за продолжување, а Барселона, според шпанските медиуми, се обидува да ја искористи неговата моментална ситуација.

Целта е следното лето да тргнат по него со сериозна понуда која, но големо прашање е дали ќе успеат во својата намера, имајќи предвид дека Димарко уште од детството е навивач на Интер.

Фото: Inter FC