Историски квалификации во Монца – десетте најдобри никогаш не биле поизедначени!
Францускиот возач Пјер Гасли ја освои пол-позицијата на патеката Монца во сесија во која разликата меѓу првиот и десеттиот возач изнесуваше точно - половина секунда. Временската разлика од прецизни 0,500 секунди меѓу првопласираниот Гасли и Арвид Линдблад, кој заврши како најбавен во третата квалификациска фаза, ги прави овие квалификации најнеизвесните во историјата на спортот кога е во прашање вкупниот пласман на првите десетмина.
Кога станува збор исклучиво за битката за првото стартно место, историскиот рекорд од Големата награда на Европа во Херез во 1997 година останува недопирлив. Тогаш Жак Вилнев, Михаел Шумахер и Хајнц-Харалд Френцен поставија идентично време во илјадити дел од секундата. Слична, но помалку екстремна ситуација беше забележана и на трката во Канада во 2024 година, кога Џорџ Расел и Макс Ферстапен забележаа исто време во борбата за пол-позицијата, но третопласираниот Ландо Норис тогаш доцнеше 0,021 секунди.