Прилеп го совлада домаќинот во борбата за трето место на турнирот во Струга

Ракометарите на Прилеп триумфираа против Струга со 30-28 во борбата за трето место на традиционалниот турнир „Струга 2026“.

Прилеп беше одличен во текот на целиот натпревар, а во еден момент имаше и девет голови предност (25-16), по што Струга успеа да влезе во ритам и да внесе неизвесност во завршницата. Сепак, на крајот се радуваа прилепчани со 30-28.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Шипинкоски со шест голови, додека Никола Јукиќ постигна седум погодоци за Струга.

Фото: РК Прилеп