Без изненадување во Кратово, Силекс лесно го реши Скопје (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс без поголеми проблеми стигнаа до втората победа сезонава во Првата лига откако на свој терен денеска го совладаа новајлијата Скопје со 3-0.

Избраниците на Александар Васоски доминираа од самиот старт на дуелот и ја имаа контролата над играта, сепак првите мрежите во првите 45 минути мируваа.

Скопје попушти во второто полувреме и тоа на стартот кога по три минути игра беше отворен резултат, стрелец во 48-та минута беше Хасукиќ.

Работите за гостите станаа потешки на истекот на еден час игра кога останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Сековски кој направи пенал, а сигурен реализатор беше Богдановски за 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Мишов со својо трет гол во дресот на кратовци во 78-та минута. Силекс така по три кола е на седум бода, додека Скопје останува во долниот бод со еден бод освоен во ремито со Струга.