Еуфорија помеѓу „Гробарите“: Партизан експресно продаде 10.000 влезници!

Голема навивачка еуфорија владее пред натпреварот меѓу Партизан и Хетафе во плеј-офот од европските квалификации.

„Црно-белите“ вчера наутро ги пуштија во продажба билетите за реваншот, кој е закажан за 27 август од 21 часот, а интересот уште првиот ден е огромен.

Според податоците на клубот, речиси 10.000 навивачи веќе го обезбедиле своето место на стадионот, сметајќи ги продадените дневни и сезонски билети.

До натпреварот остануваат речиси две недели, но сè укажува дека трибините на стадионот ќе бидат исполнети до последното место и дека Партизан ќе има голема поддршка во битката за пласман во лигашката фаза.

Поради тоа, клубот ги повика навивачите навреме да ги купат билетите и да ги избегнат гужвите пред натпреварот.

„Апелираме до црно-белата армија навивачи навреме да обезбеди сезонски или дневни билети и уште еднаш да покаже зошто важи за една од најдобрите навивачки групи во Европа“, соопшти Партизан.