Вардар го декласира Бутел и обезбеди финале на турнирот „Струга 2026“
Вардар доминираше во дуелот со скопскиот ривал од самиот почеток и создаде предност од 21-13 на полувремето, по што стана јасно дека е на чекор до финалето.
Во второто полувреме Вардар продолжи да го полни голот на Бутел и без проблеми запиша убедлива победа од 36-24.
Матео Фадуил постигна осум голови, додека Јака Малус запиша четири погодоци кај Вардар, додека кај Бутел најефикасен беше Матеј Марковски со пет голови.
Од 10 часот ќе се соочат Бутел и Дубочица за петто место, Прилеп и Струга потоа од 18.30 часот ќе се борат за третата позиција, а финалето се игра од 20.30 часот меѓу Вардар и Охрид.