Струга ја совлада Дубочица и ќе се бори за трето место!

Ракометарите на Струга успеаја да слават со 28-27 против Дубочица Лесковец и со тоа си закажаа борба за третото место на турнирот „Струга 2026“.

Двете екипи понудија возбудлив ракомет од самиот почеток на натпреварот, а на паузата со предност од два голови (14-12) замина Струга.

Дубочица успеа да направи пресврт на почетокот на вториот дел, но Струга не се предаваше и ја врати неизвесноста во натпреварот која траеше до самата завршница, а на крајот домаќинот славеше со 28-27.

Струга со оваа победа си обезбеди меч за трето место на традиционалниот турнир.