Ѓоковиќ по епска пресметка со три тај-брејка го доби првиот ривал во Синсинати (ВИДЕО)
Србинот како трет носител беше слободен во првото коло, додека неговиот ривал мораше добро да се намачи за да стигне до пресметката со најдобриот на сите времиња. Аргентинецот по три часа голема борба и три тај-брејка го совлада Британецот Јан Чоински (6-7, 7-6, 7-6). Мечот донесе голем број пресврти, а Тиранте во неколку наврати беше на работ на пораз. Во решавачкиот сет губеше со брејк и 1-4, но успеа да се врати и да избори нов тај-брејк.
Ниту таму не почна добро бидејќи повторно имаше негатива од 1-4. Тогаш следуваше неверојатна серија на Аргентинецот, кој освои шест поени по ред и со 7-4 ја завери победата. За Тиранте ова беше прва победа во кариерата на мастерсот во Синсинати, на неговиот само втор настап на овој турнир. Наградата за големата победа ќе биде дуел со Ѓоковиќ, кој во Синсинати ја почнува последната фаза од подготовките за Ју-Ес опен.
Средбата меѓу Ѓоковиќ и Тиранте треба да се одигра во сабота навечер или во ноќта меѓу сабота и недела по македонско време.