Познат распоредот на Пелистер во Европа, тргнува дома со Ла Риоха!
Битолчани во второто по ранг европско натпреварување ќе играат во група со Гуерсбах, Ла Риоха и Гдањск.
Сезоната за македонскиот вицешампион почнува на 30 септември кога на свој терен ќе ја пречека шпанска Ла Риоха, а потоа ќе оди на две гостувања во низа против Гдањск и Гумерсбах.
Првата фаза ја завршува на гости кај Ла Риоха. Натпреварите се играат во стандардните термини од 18:45 и 20:45 часот.
1 коло 30 септември: 20.45 Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
2 коло 6 октомври: 18.45 Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
3 коло 13 октомври:18.45 Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
4 коло 17 ноември: 20.45 Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
5 коло 24 ноември: 18.45 Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск
6 коло 1 декември: 20.45 Ла Риоха – Еурфарм Пелистер