Силекс се засили со поранешен малдински репрезентативец

Екипата на Силекс денеска потврди уште едно засилување и тоа поранешниот младински репрезентативец, Мартин Талаков.

Талаков во Кратово пристигнува од редовите на Работнички каде што настапуваше во изминатата сезона. Станува збор за 23-годишен фудбалер од средниот ред кој кариерата ја почна во струмичка Брера, а потоа беше дел од Борец и Македонија Ѓорче Петров.

Зад себе има искуство и во странство во словачките: Побрезова, Жилина и Похорне.

За репрезентацијата на Македонија до 21 година собра четири настапи, а има настапи и во генерациите до 19, 17 и 15 години.