Охрид лесно го реши домаќинот на турнирот во Струга

Ракометарите на Охрид триумфираа против домаќинот Струга со 37-24 на традиционалниот меѓународен турнир, кој се одржува од 12 до 15 август.

Струга даваше отпор во воведните минути на првиот дел, меѓутоа Охрид успеа во завршницата да стигне до убедливи 20-13 пред полувремето.

Охрид продолжи да ја контролира играта, додека Струга правеше грешки кои беа казнети од противникот. „Гладијаторите“ продолжија со одличната игра и славеа со 37-24.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Зечевиќ со шест погодоци, додека Никола Јукиќ запиша седум голови за Струга.

Фото: РК Охрид