Вардар со триумф над Прилеп го почна турнирот во Струга
„Црвено-црните“ имаа одличен почеток на натпреварот и водство од 8-3, кое продолжи да растен до 18-13 на полувремето.
Прилеп во вториот дел не успеа да ја врати неизвесноста, додека Вардар ги реализираше своите шанси и стигна до убедлива победа од 10 голови разлика (39-29).
Најдобар стрелец кај Вардар беше Виктор Јанковски со седум погодоци, додека Димитар Димитриоски, Петар Маркоски и Андреј Стојановски постигнаа по пет голови за Прилеп.