Бразилски гигант патувал на натпревар со 86 килограми дрога во автобусот (ФОТО)
Боливиската полиција запленила дури 86,5 килограми марихуана во автобус ангажиран за потребите на Сао Пауло, а поради целиот случај биле уапсени тројца возачи.
Инцидентот се случил во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР го запреле автобусот во рамките на редовна контрола.
При претресот на возилото полицијата пронашла четири торби полни со дрога, по што веднаш била започната голема акција.
Автобусот бил наменет за превоз на експедицијата на Сао Пауло, но бил запленет пред воопшто да стигне да ги преземе фудбалерите. Од бразилскиот клуб било потврдено дека превозот го организирала боливиската компанија „Бусес Космос“, која по полициската интервенција морала да обезбеди друго возило за тимот да може да го продолжи патувањето.
🚨🚨| BREAKING: Over 80kg of marijuana found on the Sao Paulo FC team bus during their trip to Bolivia — 𝐃𝐑𝐔𝐆 𝐁𝐔𝐒𝐓. 😱🇧🇷
— Stake Football (@StakeFootball) August 12, 2026
[@lequipe] pic.twitter.com/B2CslXhd9S
Сао Пауло без поголеми проблеми го продолжил патувањето, додека тројцата возачи биле приведени поради пронајдената дрога.
Компанијата „Бусес Космос“, според извештаите на бразилските медиуми, ја презела одговорноста за ангажираните возачи и истакнала дека Сао Пауло нема никаква поврзаност со запленетата дрога.
Сао Пауло допатувал во Боливија поради натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар.
Фото: São Paulo FC/FB