Челси го промовираше наследникот на Кукуреља

„Сините“ го комплетираат трансферот на Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, левиот бек е деветтото ново име за Чаби Алонсо ова лето.

„Сините“ го комплетираат трансферот на Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, левиот бек е деветтото ново име за Чаби Алонсо ова лето.

Уште едно нетипично засилување за Челси, откако во изминативе години речиси исклучиво инвестираа во млади фудбалери, на „Стемфорд Бриџ“ сега пристигнува 28 годишниот Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано.

Чаби Алонсо останал импресиониран од неговата партија против Реал Мадрид минатата сезона во Ла Лига, па кога станало јасно дека ќе треба да се бара наследник на Марк Кукуреља, веднаш предложил ангажман на Пеп Чаварија.

По долги преговори, двата клуба минатата недела си подадоа рака и денеска пристигна официјалното соопштение.

„Едвај чекам да започнам“, вели Пеп Чаварија.

„Ова е остварување на еден сон за мене, Челси е еден од најголемите клубови во светот. Пред мене е огромна можност, но подготвен сум за предизвикот и ќе дадам се од себе за да помогнам на тимот да оствари успех“.

Според медиумите од „островото“, зделката е вредна 19 милиони евра, плус додатни 2 милиони евра во бонуси. Медиумите од Шпанија пак велат дека трансферот е вреден 21 милион евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси.