Почнува традиционалниот турнир во Струга, шест екипи се борат за престижниот трофеј!

Од денеска па до сабота на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга ќе се одржи 54. издание на меѓународниот турнир.
 

На ова издание ќе учествуваат шест клуб, во групата А се Струга, Дубочица и Охрид, додека во групата Б се Прилеп, Вардар и Бутел.

Првопласираните од двете групи ќе се сретнат во финалето, второпласираните ќе играат за третото место, а последните за петтото.

Денешната програма почнува од 18:30 часот со дуелот меѓу Вардар и Прилеп, по што следува свеченото отворање по кое бранителот на трофејот, Охрид ќе се сретне со Струга.