Диоманде: Овие фудбалери ги гледав на ТВ, сега ја делам соблекувалната со нив

Најскапото засилување на Реал Мадрид, Јан Диоманде, е среќен што е во најголемиот клуб во светот.

Диоманде ги одработува првите тренинзи во Реал Мадрид, па ги кажа и првите импресии.

„Ова беше мојот сон. Овие фудбалери ги гледав на ТВ, а сега ја делам соблекувалната со нив“, вели Диоманде.

„Би сакал да му се заблагодарам на Мурињо за довербата во мене и можностата која ми ја даде. Многу сум среќен што сум тука“.

„Кога ќе ве повика Реал Мадрид, не може да кажете не“.