Арсенал сака ѕвезда на Челси, но мора да даде богатство!

Англискиот шампион Арсенал тргна во акција по ново засилување и покажа интерес за една од ѕвездите на големиот ривал Челси, а тоа е португалскиот репрезентативец Педро Нето.

Екипата од „Емирати“ веќе го контактирала португалскиот фудбалер, кој е познат по неговата брзина, дриблинг и движење, но Челси за неговите услуги бара голема сума на пари.

Челси наводно е подготвен да го продаде Нето, но за неговиот потпис Арсенал ќе мора да плати дури 82 милиони евра.

Нето минатата сезона настапи на 52 натпревари за „сините“ од Лондон, а притоа постигна 10 голови и 10 асистенции.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club