Алварез е минато: Барселона го активираше „планот Б“

Барселона не успеа да го купи Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, па поради тоа реши да се насочи кон друг фудбалер, а изборот паднал на Лаутаро Мартинез.

Според последните информации, напаѓачот на Интер се наоѓа меѓу опциите кои ги разгледува Барселона, а веќе спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик се договориле дека тој би бил добро решение за нападот.

Аргентинецот, сепак, долго време е еден од најважните фудбалери на Интер и калчолигашот најверојатно ќе бара многу пари за неговиот потпис.